Хактан: Две години Преспа – идентитетот бетон

104281103_312532770145081_7920413186901006810_n

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

104018742 310674770092350 7544747894886967649 n
Реџеп Исмаил Хактан
Президиум на Левица

Изминаа две години од потпишувањето на т.н. Преспански договор, чие спроведување беше против волјата на народот, направено противправно и на шверцерски начин. Да се потсетиме: референдумот не само што беше спроведен со еден куп нерегуларности и прекршени процедури и правила, туку истиот беше и неуспешен, односно како што беше констатирано и од страна на ДИК: одлуката не беше усвоена бидејќи не гласаа повеќе од половината од вкупниот број граѓани запишани во Избирачкиот список.

Целата операција подоцна беше спроведена од страна на владејачките елити на чело со Владата предводена од СДС, подучена од меѓународната евро-атлантска заедница. На криминален начин го променија Уставот, служејќи се со уцени и закани на пратеници, подмитување и други облици на трговија со правдата; сето тоа заради задоволување на странските интереси и лични хирови на нивната испостава во земјава.

Со цел залажување на народот, и тоа на најгрдиот можен начин – преку уцена по нивната социјална и безбедносна состојба – беше ветувана розева иднина, која на моменти ги надминуваше и границите на апсурдот, како што на пример беше кампањата преку која Владата, со буџетски пари го лажеше народот дека ќе добие бесплатно лекување во земјите на ЕУ?! Од сето тоа, денеска ни остануваат само сиромаштијата, разрушеното здравство, легализираниот криминал, деградираната животна средина, катастрофалното образование , секако, ДУИ-нг бизнисот.

Она што се промени е само тоа што станавме членка и соучесник на криминална организација, за која, секоја година треба да одбојуваме повеќе од 2% од нашиот (и така мал) БДП. Доколку пак нашиот национален идентитет, спротивно на тогашните тврдења на „независните“ експерти, стана  северномакедонски по сите основи и на сите полиња. 

Подолу се прикажани 10 примери како – во само изминатите 30 дена – на различни светски веб страни се зборува за “северномакедонски претседател”, “северномакедонски министри”, “северномакедонски избори”, “северномакедонски пасоши”, “северномакедонска економија”, “северномакедонско здравство”, “северномакедонски устав”… Но, како што тогаш во караоке пееја мегафон-експертите: вие само спијте раат, идентитетот е забетониран!


104113057 302316710926222 4546071579028037229 n

ПРИМЕР 1: Северномакедонски парламентарни избори на страна на Википедија

104369036 894899647675941 5458099464995801977 n 1
ПРИМЕР 2: Северномакедонски пасош на страна на Википедија 

104294510 1628055530703083 1494997996690182852 n
ПРИМЕР 3: Северномакедонско Министерство за здравство во извештај на Организацијата за економска соработка и развој (OECD)

104170239 265938641149131 8679238874839254264 n 1
ПРИМЕР 4: Северномакедонски Претседател во текст објавен во Euractive

104199079 564353334211538 8415063180232073747 n
ПРИМЕР 5: Северномакедонски лидер на СДС Зоран Заев во текст на Balkan Insight

104118449 268762071011093 5100905538808068759 n 1
ПРИМЕР 6: Северномакедонска економија во текст на ФичРејтингс

104290747 898591877314061 1255266186779887581 n
ПРИМЕР 7: Северномакедонски територијален интегритет во академски текст 

104494542 392934651647369 5044148796529704530 n
ПРИМЕР 8: Северномакедонски министер за надворешни работи во словенечки медиум

104169743 191470165535811 3941225593991426432 n
ПРИМЕР 9: Северномакедонски секуларизам и северномакедонски устав во текст на македонски автор

104392557 289093812448496 696906634566263701 n 1
ПРИМЕР 10: Северномакедонско здружение по кардиологија на веб страната на Европската асоцијација на кардиолози

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ