Ванковска од Гази Баба: Демократијата е сосема излезена од шините

434457478_1000401934776204_8609172820352289552_n

Денес претседателскиот кандидат на Левица, проф. д-р Билјана Ванковска, придружувана од носителот на ИЕ 2, Амар Мециновиќ, имаше срдечен прием од жителите на Гази Баба.

Нефер и недемократските правила на игра нема да ја спречат Левица од ширење на идејата, нашата програма и мерки. Црвениот бран сѐ повеќе се шири преку активистите на Левица и секојдневното присуство на терен на нашиот кандидат за Претседател.

434461764 1000402044776193 1239234945463354995 n

Искрените и топли реакции на граѓаните нѝ укажуваат дека сме единствени коишто се наоѓаат на правилната страна.

Во демократските принципи директно задираат и противкандидатите на проф. Ванковска коишто со нивниот забележлив страв и избегнувањето на дебати, придонесуваат граѓаните да не можат да го одберат најкомпетентниот кандидат за Претседател на Македонија.

434474018 1000402051442859 1878324303537216203 n

Жителите на Гази Баба на плоштадот Филип II изразија целосна поддршка и јасно истакнаа дека Левица е единствена надеж за спас на Македонија и македонскиот народ.

434095031 1000401994776198 5952115817318536175 n

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ