(Видео) Ванковска за уставните измени: Медицински израз за одложено дејство е ретард

435922518_1001550721327992_7134713334296604804_n

Претседателскиот кандидат на Левица – Билјана Ванковска, заедно со носителот на листа Јована Мојсоска, предизборните активности попладнево ги продолжија во Охрид. Во Охрид Ванковска освен што пред граѓаните презентираше делови од програмата се задржа и на актуелните теми во предизборието.

436097571 1001550547994676 7660283217374325672 n

,, – За Охрид може да се зборува и низ една посебна призма која е актуелна на овие претседателски избори, за внесување на Бугарите во македонскиот Устав. Како што знаеме, бугарската јавност и историографија дури го смета Охрид за колевка на бугарштината. Од овде, јас порачувам дека како иден претседател никогаш нема да дозволам внесување на Бугарите во Уставот затоа што во план имам сосем НОВ Устав. Меѓутоа, морам да укажам дека сите оние бајки за одложено дејство на уставни промени се само ЗАМКА во која ќе влеземе, исто како во Преспанскиот договор. И знаете, еден медицински израз за одложено дејство е ретард. И нека размислат што прават.”

Ванковска и од Охрид порача дека нејзина заложба е сосема нов Устав зашто постоечкиот, ваков каков што е, не само што не е употреблив, туку е и трибалистички, етнонационалистички и Устав кој дели место да сплотува.

436153545 1001550604661337 6035655101508363719 n

,,- Мојата агенда предвидува иницијатива за донесување сосема нов Устав, кој би го донеле ако не во 2024, бидејќи самиот процес бара време, тогаш во 2025 година. Се разбира конечниот збор ќе го има Парламентот. Меѓутоа низ една дебата, конструктивен процес со граѓаните, да направиме нешто како Чиле што направи, да направиме едно уставотворно собрание, народно, да понудиме еден модел на Устав што ќе го ставиме на увид на јавноста. Сакате ваков трибалистички, етнонационалистички кој не’ дели или сакате да бидеме држава во 21 век”, истакна Ванковска.

Претседателскиот кандидат на Левица, Билјана Ванковска од Охрид порача дека во отсуство на вистинска дебата, противкандидатите поставуваат нереални очекувања и барања, па затоа останува таа и Левица да говорат на овој начин, меѓу граѓаните.

436403175 1001555711327493 5762577459218675738 n

,,- Од Охрид ќе порачам дека градот на УНЕСКО, градот на културата, градот на она со што би требало да се гордееме станува град на дивоградби, станува град на неказнивост, станува град на локални шерифи кои во меѓукоалициски договори избегнуваат да го почитуваат законот. При тоа, како левичар, морам да го истакнам и оној момент на нарушување на антифашистичкото наследство над спомен плоча која најбезобразно е тргната од Нефи УСЕИНИ заради изградба на негов објект.”

436310458 1001550917994639 3278055962037247159 n

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ