(Видео) Стаменковски: Кривична пријава за ЕВН Македонија – КЕЦ Делчево за бесправно градење

ло делчево

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Во периодот од Јуни до Октомври 2022 година правното лице ЕВН Македонија-КЕЦ Делчево без одобрение за градење, умислено и пакоснички извршува казнено дејствие по член 244 од кривичниот законик на Република Македонија.

Иако во проектот станува збор за надземен далновод, на терен е вршено поставување на подземен далновод, спротивно на основниот проект и тоа на тротоари, односно државно земјиште.

Со ваквите градежни дејствија и без одобрение за градење ЕВН Македонија-КЕЦ Делчево изведувало градба на туѓо земјиште.

Интересот за планско развивање на просторот кој е во функција на задоволување на потребите, правата и интересите на граѓаните со ова дело е прекршено, со што Политичката партија Левица уште еднаш застанува во одбрана на сите граѓани на Република Македонија.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ДЕЛЧЕВО

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ