Барањата на протестното движење мора во целост да се исполнат!

15890_10209474751609703_3012317991642697433_n

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Соборки и соборци, со нашата заедничка и истрајна борба овие два месеца, го спречивме укинувањето на владеењето на правото што го изврши таканаречениот Претседател на РМ. Ова е првпат да успееме преку протести да извојуваме ваква важна победа против режимот!

Но, нашите барања не завршуваат со повлекувањето на аболициите. Нашите барања се сите седум барања на „Протестирам“. Сите тие мора да се исполнат за Македонија конечно да добие шанса да се врати во правилниот колосек. Не смееме да им дозволиме на елитите, зад затворени врати, да ни ја кројат судбината и резултатот од сето тоа повторно да бидат половични решенија како минатата година.

За фер и демократски избори, неопходен е и нов договор, кој нема да биде врзан со рокови, туку со исполнување на услови. Неопходно е и да се прочисти избирачкиот список, да се направат реформи во медиумите, да се одвојат партиите од државата, да се направат дополнителни измени на Изборниот законик – со прогласување на РМ за една изборна единица, како и ограничување на финансиите кои можат да се трошат за време на изборна кампања. Со други зборови, потребно е намалување на влијанието на крупниот капитал врз политичките партии.

Таков договор не би можел да се реализира преку техничка влада која фактички би била контролирана од ВМРО ДПМНЕ. Искуството од Пржинскиот договор тоа го потврдува. ВМРО-ДПМНЕ, особено со Никола Груевски на чело, нема легитимитет да организира кредибилни избори! Затоа, инсистираме на преодна експертска влада која ќе има мандат да организира фер и демократски избори.

Ако преговорите не резултираат со ваков договор, ќе продолжиме да протестираме!

Ние сакаме вистинска општествена промена и не смееме да се задоволиме со малку!

Ние сакаме вистинска демократија, во која моќта ќе биде во рацете на граѓаните, а не кај елитите или странците!

Ако нашата судбина се крои зад затворени врати, нашето место е на барикадите!

8ba4c490-659c-4cb3-8c03-b39daf1b019e

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ