Институциите го игнорираат прашањето за внатрешно раселените лица од војната во 2001-ва година

Screenshot 2024-03-19 191718

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Во месец декември секторот Политички систем при политичката партија Левица го актуелизираше прашањето за над 70 000 внатрешно раселени лица од страна на терористичката УЧК во воениот конфликт во 2001-ва година и поднесе жалба на неодговореното Барање за информации од јавен карактер од страна на министерството на Артан ГРУБИ.

Поднесената жалба беше усвоена од страна на агенцијата за информации од јавен карактер со која се НАЛОЖУВА министерството да одговори во законски дадениот рок од две недели. Наложување кое Министерството за политички систем и односи помеѓу заедниците не го испочитува, бидејќи за Артан Груби не важат закони.

За ова непостапување од страна на министерството на Груби, како и целокупната документација беа испратени до: вицепремиерката за добро владеење Славица Грковска, како и сите останати релевантни државни институции, меѓународни и локални НВО кои се занимаваат во областа на човековите права, како и нашите „стратешки партнери“: Европската Унија, како и релевантните амбасади кои даваат безрезервна поддршка на необалистите од ДУИ.

По испратениот емаил со сите информации, народниот правобранител отвори претставка против Министерството. Одговор не добивме, ниту од вицепремиерката Славица Грковска, ниту од „загрижените“ невладини организации кои постојано говорат за „граѓански права“, ниту од „демократската“ ЕУ која постојано говори дека е загрижена за човековите права во Македонија – додека дава поддршка на најголемите прекршители на истите.

Оттука се поставуваат прашањата: Зошто никој не презема одговорност за уништениот живот на огромниот број семејства и дали е еден граѓанин принуден да тужи за да ги оствари своите уставно загарантирани права?

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ