Загрижени жители од општината Ѓорче Петров, поточно делот кај црвените згради во Хром, ни се пожалија на урбано дивеење на непознат инвеститор. Според нивните информации, узурпирано е земјиште од соседната зграда, како и државно земјиште. Се врши бесправна сеча на дрва во паркот пред зградата. Објектот се гради без поставена табла со напишани информации кој е инвеститор и што гради на тоа место.
Не е обезбедена заштита за луѓето кои живеат одма до јамата, а воедно се уништува веќе постоечката зграда во која живеат станари ( искршени темели, искршен излезот за евакуација од постоечката скривница, искршен одвод и довод на вода, извадени се громобранските ленти, нарушена е целата статичка и сеизмолошка сигурност).
Дополнително, постојат сомнежи дека е инволвиран познат контроверзен инвеститор од градежниот бизнис. Јавно прашуваме дали надлежните инспекторати ќе излезат на терен да ја констатираат фактичката состојба или и во Ѓорче Петров ќе никне уште една дивоградба?
