Од државниот Завод за статистика излегоа со бројки кои се поразителни за овоштарството во Република Македонија. Домашното земјоделското производство на храна е постојано на удар од оваа ненародна власт, која е во служба на олигархијата и странските интереси.
Во минатата година, забележан е голем пад на извозот на овошје од Македонија и тоа 26%, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика. Според податоците од ДЗС, вредноста на македонскиот извоз на овошје во 2023 годинаа изнесувала 44,7 милиони евра, што е за 11,5% помалку во споредба со 2022 година (50,5 милиони евра).
106,6 милиони килограми овошје произведено во Македонија лани било извезено на странските пазари, што е за 26% помалку во споредба со претходната 2022 година (144 милиони килограми овошје). Главна гранка од овоштарскиот сектор во Република Македонија е производството на јаболка, при што минатата 2023 година биле извезени јаболка во вредност од 14 милиони евра, што е за 8,2% помалку во споредба со 2022 година (15,3 милиони евра).
Од извозот на свежо грозје лани е остварен приход од 12,9 милиони евра, што е за 21% зголемен од претходната година, но извозот количински е намален за 10% и изнесувал 18,4 илјади тони грозје. Исто така, лани голем пад бележи и извозот на јапонски јаболка, лубеници и други овошја.
Македонското овошје лани се продавало на 40 странски пазари, од кои најголем пазар била Србија, каде се продадени 25,2 илјади тони овошје. Извозот на овошје главно е намалено поради тоа што е исклучен од листата рускиот пазар. Во 2022 година, Русија била најголем извозен пазар со извоз на овошје вредно 12,5 милиони евра, што е очигледно дека губитокот од овој пазар тешко се надоместува.
Санкциите спрема Русија и лошите политики на ЕУ ги донесоа земјоделците во Европа на работ на егзистенција, а за тоа сведочат масовните протести последниве три месеци. Инфлацијата не се смирува и цената на храната расте. Истите проблеми ги делат и нашите земјоделци и граѓаните кои мораат да купуваат екстремно скапа храна од увоз.
Само со развластување на власта на СДС-ДУИ ќе спречиме понатамошна штета на домашното земјоделско производство и ќе ги заштитиме земјоделците од дополнително осиромашување.