И покрај минатонеделната тотална забрана за сеча изречена од страна на ЈП Македонски шуми, уништувањето на шумите над селата Ореше и Папрадиште во Општина Чашка продолжува.
Во вторник( 31 мај) селските патроли забележаа тешки возила со неколку стотици кубици исечени дрва.
Според најавите, сечата ќе продолжи со несмален интензитет и во следниот период.
Според член 81 од Законот за Шуми, , Шумската полиција како дел од секторот заштита , се финансира од народни пари и од Буџетот на Република Македонија, и со тоа е обврзана да биде во служба на народот, а не на поединци.
Согласно тоа, ја повикуваме на итна реакција и да постапат согласно член 226 од КЗ на РМ за делото „пустошење шума„.
ГИ ПОВИКУВАМЕ НА ИТНА РЕАКЦИЈА и КООРДИНАЦИЈА :
– Градоначалникот на Општина Чашка,
– Координативното тело за решавање на криминалот со бесправната сеча на шуми, кое е новоформирано за да се справи со бесправната сеча како итен проблем
– Шумската полиција, како тело што е
надлежно за спречување и сузбивање на појавата на бесправната и масовна сеча
– ЈП Македонски шуми, како формално тело што стопанисува со
државните и со приватни шуми и заедно со Шумска полиција да постапуваат по Кривичниот законик кој овозможува кривично гонење, а не по Законот за Шуми кој е само прекршочен.
– Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство кое е директно надлежно за функционирањето на Шумската полиција која законски има над 6 директни надлежности за акција и сопирање на било која форма на нелегална и масовна сеча.
Левица продолжува будно да ја следи состојбата и бара доследно почитување на Законот за шуми, Законот за прекршоци и Кривичниот законик.
ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА-Зелен Сектор
02 јуни, 2022