Поради тешката економска криза со која се соочуваат граѓаните, советниците на Левица поднесоа инцицијатива за иземање од учество на партиципацијата во градинките во општина Кисела Вода.
Кавадарци е првата општина каде оваа иницијатива е прифатена и ќе се пристапи кон нејзина реализација, додека во општина Карпош иницијативата за бесплатни градинки беше прифатена од Советот да се пристапи кон нејзина понатамошна реализација.
Претседателот на совет на општина Кисела Вода, Иван Живковски, а со амин од Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, оваа иницијатива одби да ја стави на дневен ред за гласање, иако се работи само за иницијатива која истата ќе се проследи до стручните служби на понатамошна разработка.
Скандалозно е ваквото однесување на новата локална власт, која не дозволува ниту да се отвори дискусија за прашања кои се од интерес на жителите на Кисела вода.
Дали градоначалникот Орце со ваквото однесување смета дека децата од нашата општина не треба да имаат бесплатни градинки?
16 јуни, 2022