Народот, како и државата, се повеќе се задолжува за да ги пополни дупките во семејниот буџет

280805688_139930375281703_4603746817078134228_n

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Во услови на економска криза, кога инфлацијата галопирачки расте, цените забрзано се зголемуваат, само животниот стандард и девизните резерви се намалуваат, Народна банка, како реакција на овие нагорни движења ја зголеми каматната стапка во април за 0,25 %. Новото второ зголемување на референтната камата, сигурно дека ќе повлече зголемување на каматните стапки на кредитите. Но за колку и од кога, засега никој не коментира ништо, ниту од деловните банки, ниту пак експертската јавност. Нивото на инфлација во април достигна 10,5% и е највисоко од 1994-та година, кога годишната стапка изнесуваше 55%. Граѓаните стравуваат од уште повисока инфлација.

Според последните информации од Народната банка, заклучно со првиот квартал од оваа година, вкупната кредитна изложеност на банките кон фирмите и кон граѓаните изнесува 6,4 милијарди евра. По стапките на владата која постојано се задолжува за да ги пополни дупките во Буџетот на Република Македонија, граѓаните сè повеќе се задолжуваат за да ги пополнат дупките во семејниот буџет. Состојбата во државата се отсликува во секое домаќинство. Во однос на претходниот месец, зголемени се кредитите, а годишниот раст за потрошувачки кредити изнесува 7,1%. Од вкупната кредитна изложеност, за ненаменски кредити отпаѓаат 64,39%, додека за наменски – станбени 35,50% и за автомобили 0,12%. Загрижува фактот што кредитите не се користат за капитални вложувања, исто како и Владата што ги користи за тековно работење и рефинансирање, а капиталните инвестиции во Буџетот се реализирани во износ од 17,85%, заклучно со 12.05.2022 година.

Каматната стапка најчесто е фиксна првите 2 – 3 години, меѓутоа останатиот период е променлива и поскапувањето на кредитите ќе се одрази негативно не само на идните, туку и на веќе одобрените кредити.

Бесмислено е стравувањето дека покачувањето на платите ќе ја зголеми побарувачката, а со тоа и инфлацијата. Реалната плата во континуитет се намалува поради инфлаторните движења, а количината на производи и услуги не може да биде зголемена, единствено порастот на цените ја зголемува номинално личната потрошувачка.

Владата мора да ги намали непродуктивните расходи и да излезе во пресрет на граѓаните полесно да ја пребродат енергетската криза, да ги продолжи привремените мерки со кои основните прехранбени производи се ослободени од ДДВ и понатаму да ги ограничи маржите, но истовремено мора да спроведе мерки кои ќе бидат насочени кон поддршка на реалните инвестиции и тоа оние кои што носат раст и развој, односно обезбедуваат подинамичен раст на економијата, за да не дојде до стагфлација (негативна стапка на раст на бруто домашниот производ) која може да предизвика дополнителни проблеми во економијата. Во услови на криза, дури и во пазарните економии апсолутно е оправдано мешањето на државата во одредени дејности заради заштита на јавниот интерес.

Левица во својата програма предвидува воведување државна комерцијална банка за беска­матно кредитирање на населението, преку која вра­ботените во јавниот сектор ќе ги примаат своите плати и посебно ќе се залага за укинување на зеленашките т.н. „брзи кредити“, по­ради лихварски камати и предизвикување должничко ропство на клиентите.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА-СЕКТОР ФИНАНСИИ

18 МАЈ 2022

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ