Писмо за поддршка од грчката левичарска партија „ОКДЕ”

ATHENS, GREECE - FEBRUARY 24 : Crowds of people march through the streets during a 24-hour general strike on February 24, 2010 in Athens, Greece. Greece ground to a halt and flights were grounded as unions staged a one-day general strike in protest against the Government's austerity measures designed to contain the massive public deficit.  (Photo by Milos Bicanski/Getty images)

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Го објавуваме добиеното писмо за поддршка од грчката левичарска партија „ОКДЕ” против престојниот референдум и наметнатиот влез во агресорниот пакт НАТО кое беше објавено и во грчките медиуми. Работничкиот народ од Грција го признава правото на самоопределување на македонскиот народ и го поддржува во неговата борба!   

 

Преспанскиот договор – Референдумот во соседна Македонија

Порака за солидарност и заедничка борба

Интернационално и класно НЕ за подметнатиот договор од САД!

НАТО и останати империјалисти – Надвор од Балканот!

 

На 30.9.2018 година, недела, во соседна Македонија ќе се одржи референдум за прифаќање или отфрлање на Преспанскиот договор потпишан од Ципрас и Заев.

Самото прашање на референдумот ја покажува вистинската природа и причина зошто решавање на проблемот со името е ставено на дневен ред по брза постапка. Работниците и сиромашните ќе бидат прашани – Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција. Прашање со уцена кое поставува неоправдана потреба на нашите соседи за приклучување во НАТО и ЕУ, што според пропагандата на капиталистичката елита ќе значи подобрување и подигнување на животниот стандард во земјата.

 

Овој договор е реакционерен од повеќе аспекти. Прво, целиот проблем е решен од  страна на империјалистите, посебно од САД, за да им служи единствено на нивните интереси. Тие повторно го поставија како приоритет прашањето за името, ги водеа преговорите и го наметнаа (дури и по содржина) Договорот. Членството на Македонија во НАТО, и покрај тоа што станува збор за незначаен партнер по воена сила и големина, е стратешки исчекор кон целосна интеграција на целиот Балкански полуостров во зоната на влијание на американскиот империјализам, додека истовремено се елиминира руското влијание. Целта е Балканот да се трансформира во една огромна НАТО – база што ќе служи за иден конфликт со Русија и Кина. Ова е вистинската причина зошто ја придвижуваат целата ситуација на Балканот, заедно со спорот на Македонија (воглавно преку потези на Косово).

Овој развој на настаните е особено опасен и за грчкиот народ, како и за сите други народи од регионот, бидејќи ние се наоѓаме на средината од двата најважни фронта на меѓу-империјалистичките конфликти (Балкански полуостров, Блискиот Исток/Јужен Исток, Медитеран).

 

Се работи за договор што е насилен, изнудувачки, од позиција на моќ (впрочем како што секогаш прават империјалистите!) и дволичен, бидејќи наводно би го контролирал национализмот привремено, само за да биде истиот „нахранет” и активиран по потреба. Вакви проблеми никогаш не се решаваат со слаткоречивите гаранции на империјалистите, туку само преку развивање на солидарност и доверба помеѓу народите. Доколку во овој даден момент САД и двете влади одлучат да го „ограничат“ национализмот во Македонија и Грција, тоа не смее погрешно да се толкува.

 

Народот и работниците од регионот, посебно од земјите на поранешна Југославија, имаат горчливо искуство со праксата на империјалистите преку која поддржуваат прво еден, па потоа друг национализам, во зависност од интересот на империјалниот господар.

И покрај ова, Коалицијата предводена од Сириза и Партијата на независни Грци ги користи националистичките митинзи кои имаат единствена цел да ги оттргнат работниците од нивните вистински проблеми, да им продаваат сказни за „излез од мерките за штедење“, да играат политички игри на потпалување на радикалната десница и реакционерите кои пробуваат да се прикажат како „левица“ и гаранти на демократијата. Но целата „опозиција“ (Нова демократија и другите) е јасна во својот настап дека не се противи на плановите на американските и европските империјалисти, туку само го „одбиваат“ (некритички) договорот за да стекнат ситни изборни поени.

 

Договорот содржи неколку понижувачки услови за нашите соседи од Македонија: присилна промена на уставното име, промена на Уставот, промена на документите за јавна употреба итн. Ова, од друга страна сериозно ги повредува односите помеѓу двата народи. Работниците и работничките движења во Грција мора да застанат против ваков вид на присилување, да го поддржат правото на самоопределување на нашите соседи како предуслов за развивање на солидарност и градење на заедничка борба на двата народи. Од друга страна, јасно е дека на империјалистите ништо не ги спречува да наметнат вакви услови на земји – сојузници. Токму поради тоа работниците во Грција не смеат да имаат ништо заедничко со оние кои ги слават надградените релации со САД (воглавно во натпреварот со Турција).

 

Интерес на работничката класа и на обичниот народ од целиот регион е Договорот да се отфрли од народот во Македонија (но и од народот во Грција).

Затоа е потребно „НЕ“ кое нема никаква поврзаност со опасните националисти од двете страни на границата, ниту со  „Груевски“ националистите во Македонија, ниту пак со доцните „Македонски војници“ (во Грција). „НЕ“ кое е од класен, интернационален, анти-империјалистички и анти-воен карактер. Да го поплочиме патот на трансформацијата на нашиот регион од база на империјалистичките грабливци кон лулка на трудот кој ќе се бори против сиромаштијата, мизеријата, мерките за штедење, војните.

 

НАТО и неговите бази, надвор од Балканот! Грција надвор од НАТО и ЕУ.

Заедничка борба на народите на Балканот и Европа против сиромаштијата, расизмот, репресијата, војните. За работничка Европа, демократска, радикална, социјалистичка.

За признавање на правото на самоопределување на народот во Македонија

24.9.2018

 

Organization of Communists Internationalists (Greece), Организација на Комунисти – интернационалисти (Грција)

 

Prespa Agreement – Referendum in neighboring Macedonia

Message of solidarity and common struggle

Internationalist & Class “NΟ” to the US-led agreement

ΝΑΤΟ and Imperialists out of the Balkans

On Sunday 30/9 a referendum will be held in neighboring Macedonia on the Prespa agreement signed by Tsipras and Zaev. The very question of the referendum shows the real cause why the name issue has been shuffled. Workers and poor popular layers will be asked to answer: «Do you support NATO and EU membership by supporting the agreement between the Republic of Macedonia and Greece?». A blackmailing question, that unfortunately urges some of the neighboring people to the prospect of joining NATO and the EU, which, according to the propaganda of the capitalist elite, will mean an upgrading of the country and the living standards.

This agreement is totally reactionary for a number of reasons. The whole issue is revoked only by the imperialists and the US in particular, to serve their own interests. They re-opened the issue, guided the negotiations and eventually imposed the agreement. Macedonia’s membership of NATO -despite its small size and insignificant size- is a strategic step in the integration of the entire Balkan Peninsula into the influence of US imperialism, while eliminating all Russian influence. The goal is to transform the Balkans into an immense NATO base, preparing for the coming conflicts with Russia and China. That is why, along with the issue of Macedonia, they are rearranging the whole situation in the Balkans (mainly with moves in Kossovo).

These developments are extremely dangerous for the Greek people and all the people of the region, as we are in the middle of two of the most important fronts of inter-imperialist conflicts (Balkans, Middle East / Southern East Mediterranean).

It is an agreement that acts violently, extortionately, «from above» (as the imperialists always do) to supposedly control nationalisms in a temporary manner, only to feed them back or revive them later. Issues like that are never solved by the guarantees of the imperialists, but only by developing solidarity and trust between peoples. If at the moment the US and the two governments choose to «curb» these nationalisms, this should not be misleading. The peoples and workers of the region, especially in the former Yugoslavia, have a bitter experience of how the imperialists support one and then another nationalism, according what serves their short term interests. Besides, the SYRIZA / ANEL government takes advantage of the nationalist rallies to disorientate workers from their real problems, to sell the fairy tale of «exiting the memorandums», to play political games by sneakily fueling the far-right and the reactionary trying to appear as the «left» a guaranty of democracy. But all the «opposition» (ND, etc.), too, makes it clear that it does not oppose the plans of the American and European imperialists but only “rejects” the agreement in terms of temporary electoral benefits.

The agreement contains several humiliating terms for the neighboring people of Macedonia: forced change of the constitutional name, revision of the constitution, change of public documents etc. This, on the one hand, seriously hurts the two peoples’ relations. The workers movement in Greece must stand against any such imposition, recognizing the right of self-determination to the neighboring people as a prerequisite for developing the solidarity and common struggle of the two peoples. On the other hand, it is clear that the imperialists do not hesitate to impose such conditions on «allied» countries. That is why the workers in Greece must have nothing in common with those who celebrate the upgraded relations with USA (mainly in competition with Turkey).

The interests of the two working classes and the peoples of the region as a whole identify with the rejection of the agreement by the people of Macedonia (but also the Greek one). For a “No” that apparently has nothing in common with none of the dangerous nationalists on either side, nor of the Gruevski type (in Macedonia) nor the late «Macedonian figthers» ones (in Greece). A “No” of a class, internationalist, anti-imperialist, anti-war character. To pave the way for the transformation of our region from being the base of the imperialist hawks to the cradle of labor struggles against poverty, misery, memorandums, war.

– NATO and its bases out from the Balkans. Greece, out of NATO and the EU.

– Common struggle of the peoples in the Balkans and Europe against poverty, racism, repression, war. Going forward for a workers’ Europe, democratic, radical, socialist.

– Recognition of the right of self-determination to the people of Macedonia.

24.9.2018

Organization of Communists Internationalists (Greece)