Со украдени квадрати, „Адора“ на Чифлиганец остварила добивка од речиси 3 милиони евра!

cifliganec-adora

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Урбаната мафија не ја пропушти приликата да се збогати за време на глобалната пандемија која економски ја срози Македонија. Дур народот лани уплашен иташе кон своите работни места, плашејќи се да не остане и без својот минимален месечен приход (оној од мизерни 250 евра кој не може да покрие ни половина синдикална кошничка), 15те најголеми градежни компании оствариле чист профит од над 17 милиони евра!

Градежната компанија „Адора Инженеринг“, која е во сопственост на озлогласената фамилија Чифлиганец, за која годинава изби скандалот дека КРАДЕЛА квадрати при продажба на своите станови, е на високото второ место, остварувајќи чист профит од 3 милиони евра, додека на првото место со добивка од 3,76 милиони евра се најде скопската ЗСФ КОМ. Овие компании очигледно не живеат во истата бедна реалност во која што живееме ние, па нив не ги погодуваат такви концепти како економски кризи и сиромаштија.

Во меѓувреме, градежниците алармираат дека цената на квадратот и понатаму ќе расте, и немало да биде чудно да видиме и станови кои чинат 2000 евра по квадрат во Скопје. Така, ако досега човек со просечна плата требаше да работи 15 години и да не потроши ни денар (малтене, да живее на воздух) за да може да купи еднособен стан од 50 квадрати, во иднина истиот ќе треба да работи уште 10 години повеќе за да си дозволи еден ваков „луксуз“. 

Веќе одамна становите во Македонија се градат претежно за есктремно богатите, кои или не знаат што да им прават на парите, па ги вложуваат во станови како безбедна и исплатлива инвестиција, или купуваат станови за истите да ги издаваат под кирија и да продолжат да се богатат без ништо да работат! 

Овој тренд не смее вака да продолжи, во спротивно енормните класни разлики во Републиката, ќе продолжат да растат. Рајата веќе ни со кредит нема да може да си купи стан, а Македонија, од држава изградена на социјални темели, полека ќе прерасне во држава на потстанари кои единствено ќе уживаат во „придобивката“ да немаат паркови и зеленило во сопствените општини.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – СЕКТОР ЕКОНОМИЈА
5 август, 2021

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ