(Видео) Јанчев: ДПМНЕ и коалицијата изгласаа цени за наплаќање паркинг во Гевгелија

саше јанчев

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

По однос на ова прашање советникот од редовите на Левица, Јанчев, ги наведе причините зошто е против воведувањето на зонско паркирање. Тој наведе дека:

ДПМНЕ И СДС немаат право да одлучуваат по ова прашање затоа што во нивните програми они не ветија дека ќе наплаќаат паркинг ами ветија дека ќе направат нови паркинг места. До денес ниту едно ново паркинг место не е направено;

Целата постапка која се однесува на зонското паркирање е недемократска, нетранспарентна и насилничка.

– Во време на СДС се глумеше јавна дебата со десетина луѓе од кои сите не се согласуваа со воведување зонско паркирање. На електронската анкета која беше поставена на страната на Општина Гевгелија мнозинство од граѓаните се изјаснија дека се против зонско, а анкетата веднаш беше тргната од страната. Се игнорираше иницијатива на Левица за референдум по ова прашање.

– Сега во време на ДПМНЕ иницијатива на Левица за едносмерен тек на сообраќај на улиците “Ѓорги Стамов” и “Гоце Делчев” се чува во фиока оти ако таа одлука се спроведе ќе се види дека постои решение и без да се наплаќа паркинг. Станува збор за иницијатива изработена во консултација со дел од жителите на овие две улици;

Сообраќајниот хаос настана во време на наизменично владеење на СДС и ДПМНЕ и сега истиот се користи кои изговор на граѓаните да им се наплаќа паркинг. Хаосот настана со дозволено дивеење на градежниот сектор. Три згради никнаа за кратко време во самиот центар на градот, една зграда се прави во моментво во непосредна близина на центарот и истата е дивоградба и се гради на државно земјиште. Ситуацијата постојано се влошува со тоа што државно земјиште за зградички се распродава на големо; и

Со зонско паркирање ќе се направат дополнителни проблеми. Луѓето од селата кои се приморани да доаѓаат со свои автомобили во градот сега покрај тој трошок ќе мора и паркинг да плаќаат. Паркинг ќе мораат да плаќаат и станарите на постарите згради кои со децении си паркираа бесплатно.

На крај советникот Јанчев рече:

“Левица е против ваква одлука и од идеолошки причини затоа што левичарската политика има за цел јавниот простор да им служи на граѓаните, а не да служи ко средство да се дерат граѓаните за лични интереси и тесни интереси, во случајов теснопартиски интереси.”

На ова тој додаде дека иден состав на овој Совет во кој советниците на Левица ќе бидат мнозинство ќе ја укине одлуката за зонско паркирање.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ГЕВГЕЛИЈА

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ