Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски, иако со полна уста говореше дека ова раководство ќе биде најтранспарентно од сите претходни, на дело го спроведува сосема спротивното.
Имено, на една објава на официјалната ФБ страница на општина Аеродром, на пишан коментар од страна советникот од Левица, Дејан Ристовски кој што поставил прашање “зошто се дале 335 000 евра за надворешна фирма за вршење на комунални работи, кога за истата има вработено сезонски работници“, истиот бил блокиран на ФБ страницата и коментарот му бил избришан.
На последната 34-та седница на Советот на Општина Аеродром советникот Дејан Ристовски и усно го постави ова прашање директно на градоначалникот Тимчо Муцунски, на кој не доби никаков одговор, иако градоначалникот беше во салата.
Повторуваме, се работи за официјална страница на ФБ на Општина Аеродром.
Го прашуваме градоначалникот Тимчо Муцунски, дали сите коментари кои не се подобни за него, се бришат?
Дали вака ја замислува и транспарентноста на неговата партија кога ќе дојде на власт и на централно ниво?
Ако е само пропуст, тогаш бараме да се јавно да се извини и да им сугерира на одговорните за водењето на оваа страница да не го повторат истото.
ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – АЕРОДРОМ