Мојсоска: Кичево изгуби 17 илјади жители од поделбите и политиките на ДУИ!

C4_Krtsn7hY_maxresdefault

Кичево има симболично значење затоа што е бастионот на Али Ахмети, па најмногу ги има почувствувано последиците од погубното работење на ДУИ последните 20 години.

Кичево го мачи она што го мачи секој град надвор од Скопје, масовното иселување. Според податоците од последниот попис, Кичево има изгубено над 17 илјади жители, со што се покажа дека сите оние процеси со кои се фали ДУИ немаат основ и тоа што го мачи обичниот Македонец, го мачи и обичниот Албанец. Тоа е доволна причина да ставиме крај на сите поделби меѓу народот!

Кичево се иселува, додека единствена корист имаат ДУИ и фирмите блиски до Ахмети и неговите роднини кои во континуитет се богатат!

Затоа и тука ја завршуваме претседателската кампања, со порака дека и Левица и проф. Ванковска како кандидат за претседател се едно ново освежување на политичката сцена. Нема да ги решат проблемите оние кои ги создадоа тие проблеми, веќе е време за нови политики.

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ