Денес, среда, 15 јуни, во 11.30 часот Левица ќе одржи прес конференција во Жена Парк, наспроти Собранието на Република Македонија, по повод укинувањето на мерката куќен притвор изречена на нашите членови Здравко Савески и Владимир Куновски. На прес конференцијата ќе зборуваат нашите членови Здравко и Владимир, а јавноста ќе биде запознаена и со ставовите на Левица по повод тековната политичка криза и решенијата за излез од неа.
За сите дополнителни информации ви стоиме на располагање.