Во сабота, 14 ноември, со почеток во 11 часот во Жена Парк, наспроти Собранието на Република Македонија ќе се одржи прес конференција на која јавноста ќе биде запознаена со формирањето на новата политичка партија ЛЕВИЦА и со деталите околу собирањето потписи за регистрација.
ЛЕВИЦА ќе се залага за работнички права и социјална правда, за демократизација на сите сфери на живеењето и против меѓуетничките бариери и национализмот. Нејзиното јадро ќе го прават членови на Движењето за социјална правда „Ленка“, членови на Левичарското движење „Солидарност, членови на Комунистичката партија на Македонија, синдикалци, активисти и поединци левичарии.
Ви стоиме на располагање за дополнителни информации.