Денес, четврток, 15 декември, во 11.30 часот Левица ќе одржи прес конференција во своето седиште, кое се наоѓа на ул. Ѓуро Ѓаковиќ бр. 20, влез 1, кат 3, локал бр.12 во близина на Грчкиот конзулат.
На прес конференцијата ќе се анализира новонастанатата ситуација после објавувањето на првичните резултати од изборите од страна на Државната изборна комисија и различните алтернативи кои се отворени за формирање на следната влада.
Повеќе информации ќе ѝ бидат презентирани на јавноста на самата прес конференција.
Ви стоиме на располагање за дополнителни информации.