Ванковска: Санкциите кон Русија најскапо ги платија Ресенчани

439831780_823174896523615_4316730689477503907_n

На собирот во Ресен, кандидатот за претседател од Левица, Билјана Ванковска, се осврна на проблемот со откупот на земјоделските производи.

439864232 823174776523627 396203872269971665 n

,,Примарно, не можеме ние како коцкари да го ставаме целиот влог на една карта! Се поставува прашањето: ако досега јаболките одеа масовно во Русија, на која и поставивме санкции, каде се сега нашите западни сојузници?Можеа нашите западни “пријатели“ да помогнат со пласманот, или пак да не противречат кога си бараме самите чаре на другите страни од светот! Мора самите да си ја креираме политиката на пласман инаку овошките ќе овенат, луѓето ќе си заминат, а ние како држава ќе ги изгубиме перспективите!“

438691255 823174826523622 5929598304171712229 n

Носителот на листа во ИЕ5 – Јована Мојсоска изјави дека на овие избори Левица ќе настапи со автентична Програма од преку 1000 мерки, со Програма која е радикална, затоа што радикални се условите во кои живееме. Левица на овие избори настапува со сите оние предлози кои ги поднесе во Собранието, а власта на СДС и ДУИ ги одби.

Иако СДС ветуваше гарантиран откуп за земјоделските производи, токму Левица поднесе предлог-закон за гарантиран откуп кој СДС го ОДБИ.

Левица поднесе и предлог-закон за платено здравствено осигурување на жените-земјоделки, затоа што нечовечно е во 21 век жените да немаат здравствено осигурување, но партиите на власт немаат интерес да го заштитат трудот на оние кои ја хранат државата.

Затоа од црвен Ресен почнува бранот на промената!

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ