Диви депонии никнуваат низ Гази Баба

Screenshot 2024-03-19 191104

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Прес-конференција на МАРИЈА ЃОШЕВСКА советничка од Левица во Советот на Општина Гази Баба:

Двете најголеми скопски општини, Гази Баба и Аеродром, и двете управувани од кадри на ДПМНЕ, Гази Баба од Бобан Стефковски, а Аеродром од Тимчо Муцунски , се поврзани со мост од ѓубре!

Мостот што ги спојува овие две општини е претворен во дива депонија од која што се шири ужасна смрдеа, депонија која што е магнет за кучињата скитници кои исто така се слика за неизвршувањето на обврските од страна на првите луѓе во општините Гази Баба и Аеродром, депонија која што е потенцијално жариште за ширење заразни болести!

Граѓаните на Јурумлери и околните места веќе долго време се жалат на овој проблем, а за да може и пошироката јавност да види колкав е капацитетот на ДПМНЕ за решавање проблеми предлагаме и на оваа локација да снимат некој од нивните предизборни спотови во кои ќе побараат поддршка за вака да ги решаваат и проблемите во државата!

Како советничка група во советот на општина Гази Баба ги повикуваме градоначалникот Бобан Стефковски ,надлежните инспекции, ЈКП “Гази Баба 2007 “да се разбудат од зимски сон,да се фатат за работа и да ја исчистат оваа депонија!!!

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ