Живковиќ: Црвена Младина е пример за сите млади луѓе од поранешна СФРЈ како треба да се води борбата

DSC_5666

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Говор на Илија Живковиќ, член на комитетот за меѓународни односи на SKOJ – Savez komunističke omladine Jugoslavije

Денес водиме заедничка борба за слобода на балканските народи и заедничка подобра и поправедна иднина. Во свет каде што сме сведоци на безмилосната борба на империјалистичките сили за одржување на светската доминација, не може и не смее да има ништо поважно од нашата братска и другарска солидарност.

Во денешниот капитализам, младите се една од најранливите категории на население. Инфлацијата, приватизацијата на образованието, дивиот капитализам се само дел од начините на кои им се одзема иднината на младите денес. Токму тоа ни ја покажува неопходноста од борба за нов свет и нов систем достоен за човекот.

Денес, повеќе од 30 години по привремениот пад на социјализмот и распадот на нашата заедничка татковина, СФР Југославија, младите комунисти во нашите републики се борат за сопствената иднина, за иднината во која нема експлоатација и поделба наметнати од западниот империјализам.

Благодарение на Црвена Младина и Левица, таа борба е најсилна денес токму во Македонија. Благодарение на вас, драги другари, борбата што ја водите денес во Македонија претставува пример и инспирација за прогресивните млади луѓе од просторот на целата поранешна и идна СФРЈ.

Во оваа борба солидарноста е од клучно значење, а таква солидарност имаат и младите од Македонија, Србија и Црна Гора. Она што беше вистина пред 80 години, во најславните моменти од нашата историја, важи и денес – слободно, независно и праведно општество може да се постигне само со солидарност и заедничка борба на народот на цела Југославија, но и на целиот Балкан. Токму во оваа солидарност ќе ја извојуваме конечната победа над овој угнетувачки систем и ќе изградиме нов и поправеден свет.

Да живее Црвена Младина, да живее СКОЈ, да живее српско-македонското братство!

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ