НЕ за екстерното тестирање!

dosta-beshe-molk-nema-eksterno-testiranje-vo-visoko-obrazovanie-6-640x4251

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Левица јасно се оградува од потребата за понатамошно спроведување на екстерното тестирање. Самиот проект е погрешно замислен како преку тестирање на учениците, да се оценат наставниците, но тој не дава комплетна слика на образовниот процес. Екстерното тестирање се претвори во кошмар за професорите и психолошки стрес за учениците.


Пред пет години тогашниот министер за образование пред цела јавност најави дека ќе биде оценета работата на професорите, за по молчење од скоро цела учебна година да се претвори во набрзина подготвени прашања кои учениците мораа во два дена да ги подготват. Првичната изјава дека ова тестирање нема да влијае врз успехот на учениците се покажа лажна, односно тие оцени влегоа во успехот на учениците.

Најголем аргумент за суспендирање на проектот е тој што се коси со Конвенцијата за правата на децата чиј потписник е Македонија.

Поради овие причини Левица смета дека екстерното тестирање не ги исполнило своите цели и очекувања, дека негативно и стресно влијае врз психичката состојба на децата и затоа бараме до МОН конечно да го укине. И сега и во иднина Левица е против спроведување на контрапродуктивни експерименти во образованието.
8ba4c490-659c-4cb3-8c03-b39daf1b019e

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ