Грчката политичка партија НАР (Нова лева струја) ја поздравува непослушноста на македонскиот народ кон заканите на НАТО,САД и ЕУ империјалистите. Со масовниот бојкот против уценувачкиот референдум, луѓето на оваа мала држава одговорија на понижувачките уцени од страна на светските моќници кои во овие неколку дена пред референдумот го посетија градот Скопје за да изразат целосна поддршка за владата предводена од Заев. Сите тие денес се поразени, како што е поразена и грчката влада која се обидува да стане гарантот на НАТО на целиот Балкан, додека во исто време ги промовира интересите на грчкиот капитал во регионот.
Исто така, важен е фактот дека сите граѓани на државата (Македонци, Албанци, Роми, Турци и сите останати) заедно одговорија со масовно бојкотирање во сите региони и со тоа ги уништија разединувачките, националистички повици и пропаганда која се водеше во рамките на државата, како и надвор од неа. Заедно со нив, сите народи на Балканот ќе ја продолжат борбата против империјализмот, фашизмот и национализмот водени од нашето заедничко антифашистичко и револуционерно минато.
НАР и анти-капиталистичкиот фронт „Антарсија“ во Грција ќе продолжи да презема интернационалистички иницијативи на Балканот заедно со нашите другари од „Левица“. И честитаме на „Левица“ за храбриот став во однос на референдумот и за потенцирањето на анти – НАТО ставот затоа што НАТО пактот единствено претставува коалиција предводена за војна и воени интервенции.
Смрт на фашизмот
Слобода на народот
НАТО надвор од Балканот
New Left Current (NAR) for the Communist Liberation