Покана за прес – УЈП да не затајува податоци за највисоките приходи


Во четврток, 26 ноември, во 12.30 часот Иницијативниот одбор на „Левица“ ќе одржи прес конференција пред Генералната дирекција на Управата за јавни приходи, која се наоѓа во близина на Народната Банка на Македонија.

Повод за прес конференцијата е тивкото престанување со објавувањето на извештаите за годишните даночни пријави од страна на УЈП. Овие извештаи се доста важни, зашто содржат информации за највисоките плати и приходи кои се пријавени до УЈП, а кои даваат слика за ултра-богатењето на одреден мал процент наши сограѓани, додека големото мнозинство граѓани сè повеќе осиромашува и едвај врзува крај со крај.

Повеќе информации на јавноста ќе и’ бидат презентирани на самата прес конференција.

Ви стоиме на располагање за дополнителни информации.


 

11220926_1078139238892975_1957489633324792543_n