Јавните објекти во градот се заеднички на сите нас, а не се полигон за остварување на нечии профити!

9584_1555007588162762_1354580744480107772_n

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Локалниот огранок на Левица од Струмица најстрого ги осудува вандалските чинови кои се случуваат околу салата Партизан како и внатре во Отворениот Граѓански Универзитет „Јоска Свештарот”.

Како што дознаваме од загрижените граѓани и критички настроените страни на социјалните мрежи уништено е ремек делото на доајенот на македонското современо сликарство Иван Велков, монументалниот мурал „Игра на коњите”. ЛО на Левица од Струмица ги оправдува сите реакции на граѓаните и бара одговорност од надлежните институции како и одговорните лица во оваа институција за тој случај. Истиот случај е премолчан од страна на медиумите.

Исто така околу салата Партизан се забележуваат големи градежни активности кои уништија спортски објекти, дел од зеленилото и сечење на дрвја. Бараме одговорност од одговорните лица на ДТВ Партизан кои го имаат под концесија овој објект кој требаше да биде наменет за спортски активности.

Јавните објекти во градот се заеднички на сите нас, а не се полигон за остварување на нечии профити по цена на нивни уништување,

ЛО на Левица од Струмица бара одговор на прашањата:

Кој стои зад уништувањето на ремек делото на Иван Велков ?

Кој стои зад градежните активности околу салата Партизан и кој дал дозвола за уништување на спортските објекти, зелените површини и сечењето дрвја?

 9584_1555007588162762_1354580744480107772_n 21016_1555007611496093_7906556044639778013_n

8ba4c490-659c-4cb3-8c03-b39daf1b019e

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ