Иницијатива за истакнување на заеднички непартиски листи на изборите кои би ги поддржале сите антирежимски партии

protesti

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Левица е формирана затоа што постои големо незадоволство кај граѓаните, не само од криминалната клика на власта, туку и од сите досегашни партии. Левица е формирана  зашто видовме дека опозицијата, ваква каква што е, не може да убеди добар дел од граѓаните да гласаат за неа. Конечно, Левица ја формиравме за граѓаните да имаат опција за гласање која ќе се стреми политиката да се води во интерес на мнозинството од народот, а не во интерес на елитите.

Тргнувајќи од овие позиции, Левица во принцип смета дека има морална одговорност да настапи самостојно на изборите и на граѓаните да им понуди антирежимска опција за гласање која нема багаж зад себе и која ќе направи сè што е во нејзина моќ политиките да бидат во корист на обичниот народ. Но, како антирежимска партија ние не можеме да ги игнорираме ставовите и на оние наши симпатизери кои сметаат дека единствена победничка стратегија против режимот е сите антирежимски партии да настапат обединети на изборите.

Она што останатите антирежимски партии не сакаат или одбиваат да го видат е дека нудењето на гласачите само на една, заедничка листа на сите антирежимски партии, на чело со политичари од СДСМ, ќе демотивира одреден број граѓани да излезат на гласање. И дека токму нивната апстиненција може да го оневозможи поразувањето на режимот. Не смееме да го игнорираме тоа! За надминување на оваа ситуација, Левица ја нуди иницијативата, наместо сите антирежимски партии да излезат со една партиска листа на изборите, тие да поддржат истакнување на заеднички непартиски изборни листи. Тие листи би биле составени од истакнати борци против режимот кои не се членови на партии, а антирежимските партии би застанале обединети позади нив, не истакнувајќи сопствени партиски листи. По победата над режимот, би се формирала преодна експертска влада која би имала мандат во релативно краток временски период да преземе чекори за демократизација на земјата и да подготви одржување на фер и демократски избори.

Убедени сме дека токму оваа опција ќе донесе максимализација на антирежимските гласови. Убедени сме дека токму оваа опција и само таа може да ги тргне сомнежите кај голем дел граѓани дека се води борба за власт и поделба на фотелјите, а не борба за слобода. И дека токму поради тоа, оваа иницијатива е поефективна стратегија за поразување на режимот од опцијата за излегување на избори со единствена партиска листа на сите антирежимски партии.

На Македонија ѝ се потребни суштински промени. Ајде еднаш политичарите да ги поддржат граѓаните, а не постојано граѓаните да бидат тие што ги поддржуваат политичарите. Нека режимот на изборите биде принуден да се бори против народот, а не против партии.

Левица ја изразува својата целосна подготвеност, ако и останатите антирежимски партии ја поддржат оваа иницијатива, да се откаже од истакнувањето на сопствени изборни листи на овие избори и посветено да работи за победата на заедничките непартиски антирежимски листи.

Во борбата за слобода и социјална правда – ЌЕ ПОБЕДИМЕ!

8ba4c490-659c-4cb3-8c03-b39daf1b019e

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ