Да им се помогне на сиромашните граѓани, наместо да се трошат народните пари на новогодишни прослави!

18751469_401

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Вообичаената практика – безмилосно да се трошат народните пари за организација на новогодишни настани, продолжува. Градот Скопје предвидено е да потроши вкупно 5 милиони денари, а згора на тоа и од општина Центар најавуваат организација на новогодишна прослава, така што на неколку метри раздалеченост, во центарот на градот, ќе има две прослави. Неверојатна некоординираност и ирационалност.

За Левица е неприфатливо да имаме така неодговорно трошење на народните пари во услови кога 460.000 луѓе се под прагот на сиромаштија, а 180 000 луѓе се во апсолутна сиромаштија. Ние предлагаме средствата да се насочат за помош на социјално – загрозените граѓани, а да има само симболично одбележување на Нова Година.

Во некои градови од соседството веќе има иницијативи од граѓаните за пренасочување на средствата од новогодишните прослави за помош на деца на кои им е потребно лекување. Ете уште еден можен начин за рационално користење на народните пари, земајќи во предвид дека пред извесно време беа скратени средствата  за лекување на болните од ретки болести.

За таа цел, Левица креираше он-лајн петиција па секој/а кој/а се согласува со нас може да ја потпише и поддржи. 

8ba4c490 659c 4cb3 8c03 b39daf1b019e

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ