Општините кои ги откажаа новогодишните прослави да објават како ги потрошија парите

15665582_391937037864526_1180937042480738293_n

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Левица бара локалните самоуправи кои ги откажаа новогодишните прослави да објават јавно и транспарентно каде точно завршија средствата, кои ветија дека ќе ги пренаменат за хуманитарни цели. Да потсетиме, локалните самоуправи на Град Скопје, Битола, Велес и Куманово под притисокот од јавноста најавија дека средствата од новогодишните прослави ќе ги пренаменат за помош на социјално-загрозените граѓани.

Доколку локалните самоуправи одбијат транспарентно да објават каде точно завршија парите на граѓаните, со право може да се смета дека тоа беше само уште еден нивни магионичарски трик, фрлајќи им магла во очите на граѓаните. Доста беше евтиното купување партиски поени! Ако локалните власти мислеа дека јавноста ќе заборави на нивните ветувања, дебело се излажаа. Ветувањето дека парите ќе бидат пренасочени за помош на социјално-загрозените граѓани мора да биде придружено со конкретни чекори.

Сиромаштијата на се’ поголем број граѓани е најголемиот проблем во Македонија. Пренасочувањето на парите од новогодишните прослави сигурно нема да го реши проблемот. Но, притисокот што го изврши јавноста за да дојде до пренасочување на средствата од новогодишните прослави покажува дека народот поседува моќ и таа моќ мора и треба да биде искористена за оние што ја поседуваат политичката моќ конечно да работат во интерес на обичниот човек.

8ba4c490 659c 4cb3 8c03 b39daf1b019e

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ