Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

Исплатени 25 илјади евра на приватни фирми за поквалитетна животна средина во Куманово – резултат нема

Енормно високото загадување на воздухот во Куманово за кое Oпштината се произнесе дека истото е увезено односно дека доаѓа од странска соседна држава е една од најактуелните теми изминатиов период.

Сомителна е и функционалноста на мерните станици во градот, па со право граѓаните се загрижени за степенот на загадување и како тоа се одразува на нивното здравје. Оттука, се наметна прашањето дали и како со народни пари општината овозможува услови за квалитетна и здрава животна средина?

Податоците објавени на официјалната веб страница на Бирото за јавни набавки укажуваат дека во периодот на пандемијата Општина Куманово била мошне „активна“ во зачувување на животната средина, но само на хартија!

Имено, во 2020 година биле спроведени тендерски постапки и следствено во еден месец биле склучени вкупно три договориза за кои се исплатени околу 24.600 евра народни пари, и тоа:

За набавка на услуги за изготвување на локален акционен план за заштита на животната средина (ЛЕАП) во вредност од 708.000,00 денари или приближно 11.500 евра.


За изготвување на план за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух во вредност од 584.100,00 денари со вклучен ДДВ или приближно 9.500 евра.


За набавка на услуги за изготвување на Катастар на загадувачи на животна средина во вредност од 224.200,00 денари со вклучен ДДВ, или приближно 3.600 евра.

Овие планови имале за цел да се направи анализа на можностите на општина Куманово да стане Зелен град и потребните политики, мерки и активности што треба да се реализираат за да бидат задоволени условите за влегување на листата на Зелени градови.

Општината има обврска за определување на надлежни субјекти за спроведување на одделните елементи на овие планови… Би ја запрашале Општината: ЧУМУ НИ СЕ ПЛАНОВИ, АКО ТИЕ ВО ПРАКСА НЕ СЕ СПРОВЕДУВААТ?

Сметаме дека надлежните инспекциски служби треба превентивно да делуваат и да бидат проактивни во спроведување на законските обврски за поквалитетна животна средина.

Општината мора да преземе мерки и активности за реализација на вакви и слични планови чии ефекти ќе бидат видливи за граѓаните!

Локалниот огранок на Левица во Куманово достави писмено Барање до општината за да дознаеме кои се главни загадувачи во градот, и истите да бидат објавени на официјалната веб страница на Општина Куманово за да може и пошироката јавност да биде информирана. До моментот на објавување на оваа објава немаме добиено никаков одговор.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – КУМАНОВО

21.07.2022г.

Најнови објави