Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

Иницијатива за промена на класа на земјиштето кај стариот театар во парковско зеленило

Советниците на Левица во Советот на Општина Велес денес поднесоа иницијатива до Претседателот на Совет, за точка на дневен ред за следната седница, во која ќе се изврши промена на класата на земјиштето кај стариот театар.

Со оваа иницијатива ќе се изврши промена на намената на класа на земјиштето од класа А2-домување во станбени згради, во класа Д1-парковско зеленило.

Имено според последната промена на деталниот урбанистички план, предвидено е изградба на деветокатница, што според нас е недозволиво.

Со оглед на местоположбата на парцелите, односно нивната близина до р. Вардар, сметаме дека изградбата на станбената зграда ќе придонесе кон нестабилност и загрозување на состојбата на околните станбени домови и дека ќе предизвика дополнителен урбан метеж, урбано гушење на просторот како и сообраќаен хаос во стариот дел од градот.

Со донесувањето на оваа одлука, како и со хортикултурно уредување на просторот и поставување на урбана опрема кои недостасуваат на овој дел од градот, ќе се влијае врз подобрување на квалитетот на животот на граѓаните кои гравитираат на овој дел и ќе се изврши едно урбано разубавување на просторот со зеленило и место за дружење на граѓани од сите генерации.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ВЕЛЕС

23.08.2022г.

Најнови објави