(Видео) Левица Битола: Левица не се извинува никому, особено не на оние кои го крадат народот

New Project (1)

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Една недела Бојкоски не дава отчет зошто се потрошиле 1.300.000 денари средства во време на криза, туку напразно се заканува со некакви тужби!

Заменик градоначалникот на Општина Битола, Бојан Бојкоски, објаснува како ние сите носители на јавни функции не смееме да шириме лажни вести.

Да го потсетам колегата Бојкоски, како втор човек во градот, носи одговорност за цела локална самоуправа и потписниците на овие високи енормни пари на граѓаните потрошени во угостителските дејности.

Документот што го приложува колегата, нема никаков датум од кога датираат овие суми.

Информациите и сумите кои се потрошени од Општина Битола не се лажни измислици кои ги пласира Левица, туку секој граѓанин има пристап на веб порталот отворени финансии или finance open.

Овај портал има намена секој граѓанин да ги следи трансакциите на својата општина, па според овие информации Општина Битола потрошила 22.000 евра во угостителски дејности.

Пред судските закани на заменик градоначалникот Бојкоски и неговото барање за извинување од советниците на Левица, нека кажи јавно дали Општината потрошила голема сума на пари на граѓаните и кој биле потписниците на сметки. Бараме политичка одговорност за ова расипничко водење на Општината.

ЛЕВИЦА нема намера да се извини поради тоа што Бојкоски како заменик градоначалник наместо да поведи одговорност кон граѓаните и општината тој самиот се изолира од средствата кои се потрошени на граѓаните од страна на неговото раководство како предводник на локалната самоуправа.

Дали е вистина дека Заменик Градоначалникот Бојан Бојковски се заканувал и насилно се однесувал врз млади лица на возраст од 20 до 22 години во ноќен клуб во Битола?

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

29 ноември, 2022

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ