ЕУ со Левица против поткупот на медиумите на диктаторот Ковачевски

0
68

Покрај низата извештаи на ЕК, кои години наназад неповолно го оценуваат и напредокот во областа на медиумите, сега од Европската Унија, во рамки на билатералните средби, доаѓа потврда за опасноста од обидот за поткуп на медиумите, а со тоа и за нужноста и целисходноста на амандманската блокада на Левица.

Левица ја препознава злонамерноста, а поради тоа и недостатоците на авторитарниот режим на СДС и одговара на секој обид за злоупотреба на државниот апарат молскавично, а на секој недостаток проактивно, државнички и како единствената опција на прогресот и за народот.

Во борбата против авторитарниот режим кој се обиде да го стави во погон мрачното орудие на претходниот режим – поткупот на медиуми, преку предложените измени на Законот за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги, Левица со амандманска блокада не дозволи околностите да се уназадувачки, кои ги носи обидот за сузбивање на слободното и непосредно мислење, информирање и дејствување.

Антиевропското дејствување и хистерично лицемерие на партијата во изумирањето СДС, во полза на краткорочна моќ и државно предавство, остава лузни по внатрешните прашања на државата и меѓународната рамноправност, кои долгорочно може само Левица да ги ревитализира.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
06.12.2022

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде