Изразуваме сочувство и солидарност со Парижани и жителите на Бејрут и сите кои страдаа во вчерашните терористички напади во овие две земји.
Коренот на ваквите терористички напади лежи во империјализмот, кој во склад со своите економско-финансиски интереси експлоатира цели региони и народи, со што продуцира сиромаштија и економски нееднаквости кои понатаму се развиваат во верски екстремизам и тероризам.
Оттука, борбата против тероризмот може да биде успешна само ако се фокусира на длабоките корени на проблемот, на системските причинители. Затоа, нашата борба против империјализмот, експлоатацијата, сиромаштијата и економската нееднаквост е и борба против тероризмот.
Воедно повикуваме на разумност и воздржаност, да не надвладее ксенофобијата, а различностите кои не’ збогатуваат да не се претворат во непремостливи пречки за меѓусебните односи помеѓу државите и нивните жители.