(Видео) Правда за бранителите

гази баба

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Иницијативата која Левица ја поднесе уште во април во советот на општина Гази Баба со која бранителите од 2001 година би биле ослободени од сите давачки кон општина Гази Баба, сеуште се чува во фиока и не е превземено ништо во врска со неа, поточно не е формирана никаква комисија за да расправа за истата.

Чиј интерес е да ги опструира бранителите кои во 2001 година беа на браникот на татковината и го жртвуваа животот за Македонија да не добијат никакви поволности од општеството за нивната жртва во воениот конфликт?

Левица ЛО Гази Баба апелира до општината за оваа иницијатива да биде формирана комисија и да се предложи во неа да учествуваат членови од сите советнички групи, се со цел целосна транспарентност да постои на процесот, час поскоро и да се формира комисија, за бранителите и нивните семејства да бидат ослободени од било какви давачки кон општината во знак на благодарност.

Левица секогаш стоела зад бранителите и засекогаш ќе стои позади нив!✊

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ГАЗИ БАБА
04.10.2023

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ