(Видео) Јанков: ДУП-от за Алумина носи нови 15.000 жители без инфраструктура

Андреа Јанков

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

  • Изјава за ТВ24 на координаторот на Секторот за урбанизам од Левица, Андреа Јанков:

„Преку успешни рендери пробуваат да се заташкаат урбанистичките проблеми на оваа локација – се сведува на гола естетика. Проблемот со оваа локација е од урбанистички карактер, тука треба да се доселат нови 15 000 жители во 4 000 станови. Дали инфраструктурата може да одговори на ова зголемување?

Директен излез кон булеварите не е возможен и на тој начин ќе се преоптовари улицата Прашка. Ова значи намален квалитет на живеење во населбата Тафталиџе. Со ваквите решенија се гуши сообраќајот во целиот град.

Ние не сме против градба, доколку решението ги изземе блоковите кои гравитираат кон Тафталиџе и се сведе на кули кон булеварот а имаме парковско зеленило – би било во ред. Но, инвеститорите одат на максимален профит и максимално бетонизирање.

Ние се залагаме за квалитетен животен простор.”

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ