(Видео) Мојсоска: Нашата програма е радикална затоа што радикални се и условите во кои живееме!

MctYs30FioY_hqdefault

Левица во Изборна Единица 5 ја започна парламентарната кампања од Ресен, презентирајќи кампања која соддржи повеќе од 1000 радикални мерки! Нашата програма ја толкуваме како радикална затоа што и радикални се условите во кои живееме!

Во Ресен се живее со судбината на секој град од внатрешноста, онаа болка од иселувањето на најдобрите кадри, што е резултат на погубните политики во изминатите триесет години.

Продолжуваме со нашите цели, кои и претходно во Собранието на Република Македонија беа одбиени! Иако СДС претходните избори вети дека нивната Влада ќе овозможи гарантиран откуп на земјоделските производи, но кога токму пратениците на Левица го предложи тој закон, владата на СДС и ДУИ тоа го одби!

Заедно со проф. Ванковска настапуваме со автентични барања, затоа што како работничка партија доаѓаме од широките народни слоеви, за разлика од останатите партии кои се во директна спрега со олигархијата која е со секоја партија на власт!

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ