Македонска Каменица е црвена

434399562_428767453138049_2868448292582418817_n

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Во присуство на Претседателот на Левица, проф. Димитар Апасиев и пратеникот во Собранието Борислав Крмов свечено беше отворена канцеларијата на Левица во Македонска Каменица.

434209603 428767306471397 8148727021077841609 n

На настанот присуствуваа и потпретседателот на Левица – Реџеп Исмаил – Хактан, членот на Президиумот Александар Симонов, координаторот на Секторот за политички систем Кристијан Димков и проф. Билјана Ванковска, кандидат за претседател на Македонија.

Голем број граѓани, а најмногу млади луѓе беа присутни на отворањето на канцеларијата, што ја потврди огромната поддршка на Левица во Македонска Каменица и веќе нема да биде изненадување доколку Левица победи на парламентарните избори во Македонска Каменица.

434142517 428767486471379 3348672379512259616 n

Во своите обраќања Апасиев и Крмов потсетија дека во изминатиот период Левица отвори десетина канцеларии во помалите градови во ИЕ3, и истакнаа дека поддршката за партијата расте во секое гратче. Дополнително, од нив беше истакнато дека се повеќе млади луѓе се приклучуваат на партијата, кои се спремни да одолеат на притисоците и се вклучат во борба за подобра Македонија.

434402727 428767246471403 8713932747289195573 n

Професорката Ванковска потсети дека низ целата своја кариера работи со студенти и млади луѓе и дека од огромно значење за нејзе е присуството на голем број млади луѓе од Македонска Каменица на отворањето на канцеларијата. Таа посочи дека следува жестока кампања, во која таа ќе го покаже она што со децении го предава на студентите.

434191478 428767403138054 6356220042816545018 n

По основањето на Локалниот огранок за ВД Модератор е

назначен Дејан Стоиловски.

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ