Покана за прес – Први мај – ден за протест, а не ден за скара

1-maj-protest

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Во недела, 30 април, во 12.30 часот Левица ќе одржи прес конференција по повод Први мај, интернационалниот ден на трудот. Прес конференцијата ќе се одржи кај споменикот на синдикалното движење во бивша Југославија, што се наоѓа во близина на автобуската постојка наспроти Југодрво и Олимпискиот базен, крај улицата што води кон градскиот паркинг и ГТЦ.

На прес конференцијата јавноста ќе биде запознаена со причините за протестот кој Левица ќе го одржи на 1 мај (понеделник) во 12.00 во Кавадарци. Воедно, на прес конференцијата Левица ќе изрази поддршка на протестот што ќе се одржи истовремено во Скопје, а е организиран од независните синдикати и левичарските организации.

11201621 10153010831699355 7096632569424601246 n

Во Македонија работниците се’ повеќе тонат во сиромаштија. Им се кршат правата, им се гази човечкото достоинство. Во многу фабрики и дуќанчиња во Македонија владее режим, при што за бедни пари се работи преку секоја мера. Доста ни е од крпениот живот! Сакаме да живееме, а не да преживуваме! Затоа, Први мај е ден за протест, а не ден за скара. Работничките права нема да ни ги сервира на тацна ниту една политичко-економска елита. Мора самите да се избориме за нив.

Ви стоиме на располагање за дополнителни информации.

8ba4c490 659c 4cb3 8c03 b39daf1b019e

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ