Покана за прес – Поднесување предлог за измена на Законот за политички партии

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Во вторник, 17 ноември, во 12.30 часот ЛЕВИЦА ќе поднесе предлог за измена на Законот за политички партии до Собранието на Република Македонија.

Со предлог измената на Законот за политички партии ќе се бара од пратениците од сите политички партии во Собранието да предложат измена на овој закон во делот на обврската лицата кои се основачи на една политичка партија да мора да извадат и приложат уверенија за државјанство како дел од документацијата за регистрација на политичките партии.

Сметаме дека се работи за целосно непотребна бирократска процедура која ги изложува граѓаните на непотребен финансиски трошок и, поради тоа, ќе бараме од секој пратеник кој смета дека граѓаните не треба да се изложуваат на непотребни финансиски трошоци и/или не треба да има непотребни административни бариери од страна на државата, да ја поддржат оваа измена.

Ви стоиме на располагање за дополнителни информации.

11220926_1078139238892975_1957489633324792543_n

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ