(Видео) Ванковска: Се соочуваме со непринципиелни сопки, бараме еднаква можност да се презентираме

biljana-vankovska

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

  • Прес-конференција на проф. д-р Билјана Ванковска за отпочнувањето на собирањето на потписи за претстојните Претседателски избори како кандидат на Левица.

„Ние уште вчера апелиравме дека во неколку подрачни единции на Државната изборна комисија (ДИК) во разни локални средини пристапот до канцелариите е отежнат особено за лица со инвалидитет, повозрасни и слично, таква е ситуацијата во Штип. Ние подготвивме барање, приговор до ДИК кој веднаш ќе го поднесеме. Таква е слична ситуацијата дури и во општината Карпош каде по еден така нагортен пат по едни скалички треба да се искачат граѓаните, прво тешко е да се најде локацијата, но кога ќе се најде има скали кои се тешки за граѓаните кои имаат проблем, добив инфорамација дека токму во Карпош во подрачната единица снемало струја и сега ние треба да веруваме дека тоа е случајно.

Ние сме решени да одиме и по потешкиот пат, тука сметаме на вашата помош во смисла на пренесување на овие сопки кои сметаме дека се непринципиелни затоа што ние се уште не сме никаква закана, а ако некој веќе ме чувствува како закана треба да се запраша јавноста зошто е тоа така.

Се соочуваме со непринципиелни сопки, апелираме и укажуваме ако треба и порешително ќе настапиме пред јавноста кога ќе забележиме дека постои нешто што се вика саботирање на процесот пред вистински да започне. Накусо, подговени сме да се соочуваме со мал милион проблеми и за таа цел и како пркос ние очекуваме граѓаните навистина да покажат авантуристички политички дух да ни дадат еднаква можност да се презентираме себе си со нашите програми, знаења и визии, затоа што играме во една трка која нема да биде чиста и не е чиста од првиот ден.“

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ