ЦК на Левица: Консолидирани за изборите помеѓу народот против елитата

432510560_982219513261113_3169687225526124237_n

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Денес, на 10-ти март во Скопје беше одржана XXV-та сесија на Централниот Комитет на Левица. На сесијата беше потврдено акционото единство на членството и консолидираноста на партиската структура за избори, во кои влегуваме решително.

432548639 982219103261154 6950386997585748225 n

Членовите на раководството и на ЦК констатираа дека ниту сега, ниту во иднина ќе отстапуваме од курсот на борбата против политичката и бизнис елитата, независно од пречките кои го штитат системот – не дозволувајќи промена во корист на обичниот народ. Затоа, сестраната борба против нормите на расипаниот економски и политички систем мора да биде севкупна и немилосрдна.

432549429 982219013261163 7913072258804597123 n

Во предвечерието на изборната сезона, Левица ја препознава својата историска задача, како за потребата од промена во левиот политички простор, така и за демонстрација на државнички капацитет кој ќе ги поткрепи позициите на Републиката на меѓународен план, и нејзината благосостојба одвнатре.

432533490 982219146594483 405507779184570057 n

Работничката класа во Република Македонија, доаѓа по своето.

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ