Бојкот на изборите и протести за рушење на режимот!

levica-logo

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Македонија е на крстопат! Автократскиот режим реши да го спречи процесот на враќање на демократијата, но нема да му успее! Никој не е посилен од народот! Ги охрабруваме граѓан(к)ите да не го губат моралот во ова најново премрежје, зашто, колку и да биде тешка борбата, ние ќе победиме!

Левица го поздравува бојкотот на изборите на 5ти јуни кој вчера го најави СДСМ и изразува надеж дека СДСМ овојпат ќе остане доследен на овој став. Истовремено, ги повикуваме сите антирежимски партии да ги бојкотираат еднострано закажаните избори.

Последните случувања околу изборите се само потврда на нашиот одамна изнесен став дека до фер избори не може да дојде преку никакви договори со корумпираниот и криминален режим. До фер избори може да дојде единствено преку експертска влада, која би имала мандат од барем една година за да се обезбедат минимум услови за регуларни избори.

До ваква влада не може да се дојде преку патронат од меѓународната заедница, која е обременета од многу поголеми проблеми, заради што нема енергија и волја да се вклучи поинтензивно во решавањето на македонската политичка криза. До ваква влада може да се дојде единствено преку притисок од македонските граѓани.

Календарски, пролетта дојде пред петнаесетина дена. Време е да дојде и до општествена пролет. Време е да ги заживееме протестите!

Се гледаме на барикадите!

8ba4c490-659c-4cb3-8c03-b39daf1b019e

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ