Еди Рама го поддржува процесот за бугаризација на Македонците во Албанија

левица црвено


Во соседна Албанија, на 18-ти септември започна пописот преку кој власта на Еди Рама, помага за бугаризација на Македонците во повеќе општини, како дел од заедничките цели на Софиската и Tиранската платформа!

Македонците од Мала Преспа, Голо Брдо, Гора, како и во останатите места каде што живеат во Албанија, укажуваат на константен притисок од страна на Бугарија да се попишат како Бугари! Неретко, за време на пописот, директно притисоците се вршени и од бугарскиот амбасадор во Тирана, што претставува грубо кршење на Виенската конвенција и мешање во внатрешните работи на една држава.

Понатаму, бугарските фондации и здруженија, кои им промовираа на Македонците бугарски пасоши, со цел да работат во некоја од земјите на ЕУ, ги присилуваат на пописот да се изјаснат за Бугари, под закана дека иако потрошиле пари за спроведување на процедурите, пасоши нема да добијат, а нивните имиња ќе бидат објавени јавно, со цел наштетување на општествениот углед.

401434490 915971026552629 7225386529556177528 n

За овие проблеми, како и за многу други, од страна на Македонците, преку своите претставници и здруженија, веќе многупати е алармирано до државните институции и до власта на Рама, кој воопшто не реагирал по однос на пријавените проблеми. Сето ова е симптоматично и може да се разбере како премолчно дозволување на бугаризацијата на Македонците во Албанија и спроведување на овој сегмент на Софиската платформа!

Левица бара, министерот за надворешни работи Бујар Османи ИТНО да испрати протестни ноти: до Албанија во која се бара заштита на основните граѓански и политички права на Македонците во оваа земја; како и до Бугарија, за ваквиот нечовечки притисок и груб обид за асимилација на Македонците, којшто е уште еден од бројните бугарски чинови на доуништување на и онака лошите односи помеѓу двете земји, кои се изродија со потпишувањето на т.н. ,,Договор за добрососедство“ од Заев и Борисов.

Дополнително, очекуваме барем еднаш Министерот Османи, да се заложи за интересите на граѓаните во државата чиј Министер е, и во рамки на ОБСЕ, каде што претседава, го изнесе овој проблем пред меѓународната заедница, и побара осуда за оваа насилна асимилаторска политика, која ја спроведуваат држави членки на Организацијата за безбедност и соработка во Европа.

13.11.2023

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ