Кичевската гимназија со несоодветен кадар, додека Царовска си прави пилот проекти за сексуално обрзование!

мила царовска сексуално образование кичево гимназија mila carovska seksualno obrazovanie kicevo gimnazija

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Додека министерката Царовска е презафатена со градење кулиси, кои треба да ја претстават негативната реакција на севкупната јавност во однос на нејзината веќе славна концепција за реформи, како позитивна, до Секторот за образование на Левица стигнуваат реакции од загрижени родители. Тие реагираат во врска со состојбите во кичевската гимназија, ОСУ „Мирко Милески“.

Родителите се загрижени поради тоа што, како што наведуваат, одредени наставни предмети се предавани од лица со несоодветна стручна подготовка, иако во евиденцијата на АВРМ има невработени млади луѓе со соодветно образование.

Го повикуваме Државниот просветен инспекторат, да излезе и да ја утврди и корегира состојбата. Во исто време прашуваме дали реформите на министерката подразбираат мижење пред вакво волонтеристичко менаџирање со образовните институции!?

Место да брза што поскоро да ги приграби и потроши 21,5 милиони евра со кои планира да ги задолжи граѓаните, ја повикуваме Царовска да се погрижи да обезбеди елементарни услови за работа и почитување на правото во секторот со кој се обидува да раководи.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО КИЧЕВО
11 февруари, 2021

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ