Војна: Нападот врз Сирија е продолжување на војната

sirija-vojna

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

Пред неколку дена, на 6. април 2017, американската морнарица изврши напад на воздушната база Ал Шајрат во централната област на Хомс во Сирија. Нападот врз силите на сириската влада е без претходна истрага и без мислење на меѓународната заедница. Американскиот империјализам со впуштањето во демонската војна во Ирак ја наруши стабилноста на целиот регион на Блиски Исток. Во Сирија, САД со пријателските Турција, Саудиска Арабија и Јордан, се вмеша во потенцијално револуционерното придвижување пред повеќе години и го насочи кон реакционерен судир. Ал Каеда, непосредно или посредно помогната од четирите наведени држави, се преобрази во Исламска држава – изрод кој го уништува регионот, но е и закана за целиот свет и во иднина.

Сегашната остра пресвртница во политиката кон Асад на Доналд Трамп ја сметаме како попуштање под притисокот на американскиот воено-индустриски комплекс, кој сака да му се спротивстави на Путин. Користењето на хемиско оружје како повод за нападот е само изговор пред јавноста. На политичарите не им беа важни илјадниците убиени деца изминатите години, а нема ни да им бидат. Нивните срца чукаат во ритамот на доларите.

И иако голем број на интелектуалци и левичари веднаш излегоа во оправдување на воената интервенција – тие само се ставија на страната на Западниот империјализам и поткупените медиуми.  Да не заборавиме дека американските бомбардирања на нашите простори, а особено во Авганистан, северна Африка и целиот Блиски Исток секогаш носат нестабилност и дивјаштво. Каде паднала американска бомба, таа само го засилила теророт и уништувањето. Во исто време сакаме да нагласиме дека нема ништо прогресивно ни во режимите на Асад или лицемерните Русија или Кина. И тоа не значи дека ако сме против американската политика, мора да се приклониме кон Путин.

Дали постои шанса за мир? Да, доколку се заземе исправен став дека непријателот на обичниот народ, работниците и младината, не е на Блискиот Исток туку многу поблиску – тој наметнува насилство, невработеност, пад на животниот стандард, корупција и кризи. Истите богаташи, истата класа на крупни капиталисти, ги убиваат нашите браќа и сестри по труд со години ширум светот. Тие што сакаат да владеат и да ги експлоатираат народите во регион на Блискиот Исток, па затоа и се потпираат на реакционерните клеро-фашистички групи, се постојните режими во сојуз со Западниот империјализам. Без поддршка на Американците и своите сојузници, сите џихадистички групи и секти ќе се срушат како кула од карти, а веднаш ќе паднат и диктатурите. Сѐ што треба е да им се остави на обичниот народ вистински демократски да ја земе власта во свои раце. Без мешање од надвор!

8ba4c490 659c 4cb3 8c03 b39daf1b019e

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ