Гевгелија порачува – РУДНИЦИ НЕМА ДА ИМА!

25395068_1683699375023079_8193075819527540182_o

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

25395068 1683699375023079 8193075819527540182 o

Граѓанското здружението „Спас за нас” од Гевгелија ги повикува граѓаните во четврток, 21.12.2017, во 11 часот пред Општина Гевгелија да ја испратат пораката „РУДНИЦИ ЌЕ НЕМА!”

„Спас за нас” е здружението кое ја покрена кампањата против рудниците на смртта во Гевгелија. Таа кампања заврши со референдум на кој 70% од граѓаните на општина Гевгелија се изјаснија дека не сакаат рудници на смртта на територија на нивната општина. По успешниот референдум, борбата се прошири низ цела југоисточна Македонија. Дури и премиерот Зоран Заев, во Валандово, за време на кампањата за локалните избори изјави дека неговиот официјален став е да престане изградбата на рудниците и да престанат сите постапки околу нив, затоа што тоа не е иднината на тој регион, кој е бисер на земјоделието.

Но, по изборите се случи обратното. Рудникот во Казандол продолжи непрекинато да се гради, а пред неколку дена го имаа и првото минирање. Премиерот даде изјава дека сега гледа можност за соработка со рудникот како профитабилен бизнис. Врвот на ароганцијата дојде од Министерство за економија. Министерот Бекташи, покрај референдумот на кој 70% од граѓаните на Општина Гевгелија се изјаснија дека се против рудниците, си даде дозвола да побара мислење од Општина Гевгелија за нова концесија.

Барање мислење за издавање на нова концесија на територијата на Општина Гевгелија откако пред само осум месеци 70% од граѓаните во Гевгелија кажале НЕ за рудници, макар и рајот да се ископа во нив, е автократски, режимски и диктаторски потег. На сличен начин, претходната власт ја игнорираше демократската воља на граѓаните, па доколку и оваа власт продолжи да го прави истото, таа заслужува да ги преземе сите погрдни „епитети“ кои самата ги користеше додека беше опозиција.

Левица ја поддржува борбата на гевгеличани. Таа е пример каде што човекот се бори за сопствените интереси, каде што човековиот живот и здравје се вреднувани повеќе од профитот на странските капиталисти и каде што се дава силен отпор кон непокорноста на Владата на демократската воља на граѓаните. Затоа, ве повикуваме сите кои сте во можност, да излезете на утрешниот протест и да кажеме СТОП за РУДНИЦИТЕ НА СМРТТА!

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ