Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

(Видео) Апасиев: Левица го поддржува барањето Македонија да биде една изборна единица

Изјава на пратеникот и претседател на Левица, Димитар Апасиев, во врска со барањето на помалите партии Македонија да биде една изборна единица.

Левица смета дека е редно да се прејде во нова фаза на повеќепартискиот систем, бидејќи овој систем е неиздржлив и надминат. Имено, доколку Македонија беше една изборна единица, на минатите избори Левица без проблем ќе имаше 5 пратеници, што фактички, поради постоечкиот модел, како партија сме оштетени за 3 пратеници.

Затоа го поддржуваме ова барање, без разлика кој го има поднесено.

 

 

 

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА
05 март, 2021

Најнови објави