Министерството за животна средина ги штити „зелените“ криминалци на ДУИ

1 Левица Зелен Сектор

Loading

Тагови:

Донирај онлајн

„Дејствувај зелено“ се повеќе почнува да добива ново значење за кадрите на партијата ДУИ, која незапирливо тоне во скандали и корупција, од кои најновиот е поврзан со доделување на грантови на „свој човек“, поточно актуелниот директор на Управата за животна средина во МЖСПП, Хисен Џемаили. Од истото министерство тврдат дека тој не бил во никаков деловен однос со здруженијата кои ги добиле грантовите дека нема случај на судир на интереси. Меѓутоа, следниве документи од Централен регистар и Службен весник од 14 април го докажуваат сосема спротивното:

2 Levitsa Zelen Sektor

Хисен Џемаили е еден од основачите на Здружението на жители на село Вејце кое доби 250.000 денари за некакви си активности од областа на животната средина „Дејствувај зелено,“ како и сопственик на здружението „Моунтаин ассоцциатион Еагле“ од Тетово, а секако тука не заостанува ни неговиот син, кој е директор на фарма поврзана со друго здружение кое исто така добило грант од МЖСПП!

Го прашуваме МЖСПП и министерот Нуредини: дали и до кога ќе ги покривате криминалите на вашите сопартијци, додека обичните граѓани кои се занимаваат со дејностите кои се лажираат, немаат пари за да си ги прехранат своите семејства?

3 Levitsa Zelen sektor

 

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЗЕЛЕН СЕКТОР
04 мај, 2021

Loading

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ