Добредојдовте на официјалната веб-страница на Левица

More

    Наезда на комарци во Гевгелија, а заштита од локалната власт – никаква

    Пред неколку години, тигрестиот комарец (Aedes albopictus) кој е еден од најинвазивните видови комарци и потекнува од Азија, од 2016 година почна да се одомаќинува и во Македонија, односно и во Општина Гевгелија.

    Карактеристично за овој вид на комарец е што е многу поагресивен од обичниот, и не напаѓа само навечер, туку во текот на целиот ден. Се размножува интензивно, најчесто на застоени водни површини.

    Овој комарец е опасен по здравјето на народот, бидејќи пренесува многу болести, развива алергии, а и е отпорен на класичните инсектициди кои се употребуваат против обичните комарци.

    И покрај големиот проблем на граѓаните на Општина Гевгелија со комарците, Градоначалникот Поцков ја нема сериозно сфатено опасноста која ја носат овој вид на инсекти и нема превземено соодветни мерки за заштита од нив. Иако во тендер системот има избрано приватна фирма за вршење на дезинсекција и редовно прскање против комарци, извршено е само три пати прскање, но резултати на терен нема, а комарци има сѐ повеќе и повеќе.

    Затоа апелираме локалната власт серизно да ја сфати заштитата на граѓаните од комарците и врши редовно прскање со квалитетни и докажани препарати за нивно уништување, односно контрола на приватната фирма која е избрана за таа намена.

    ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЛО ГЕВГЕЛИЈА
    24 август, 2021

    Најнови објави